Лам за целосно новиот проект под водство на Клоп: Не смееме да ја копираме Шпанија!

Дерби

21/07/2026

14:39

412

Големина на фонт

а а а

Шпанија вторпат стана светски шампион во последните 16 години и само го оправда статусот на селекција која е најдоминантна во последните две децении, не само поради успесите на мундијалите, туку и поради трофеите кои ги освои на Европските првенства.

По „златната генерација“ која доминираше од 2008-ма до 2012-та година, Шпанија дочека нова неверојатна генерација предводена од Луис де ла Фуенте, а додека на Пиринеите ситуацијата изгледа идилична за тоа што следи во наредните години, две други елитни европски репрезентации во наредниот период ќе почнуваат од „нула“.

Германскиот и италијанскиот врв најавија големи и коренити промени по разочарувањата кои траат повеќе од една деценија, а водејќи се по успехот кој го оставри Шпанија на ова Светско првенство, легендарниот Филип Лам предупредува дека не треба да се копира „црвената фурија“.

Славниот дефанзивец очекува германскиот тим да претрпи доста промени под водство на Јирген Клоп, но очекува националната селекција да остане верна на својата традиција и вредности, а не да тргне во потрага по нешто ново кое е некарактеристично за неа.

– Треба повторно да го пронајдеме идентитетот на германската репрезентација. Не треба да ја копираме Шпанија и нивниот стил на игра базиран на посед на топката. Ние имаме свои силни страни и свои вредности. Тоа се дефанзивна организација, физички и отпорен фудбал, а потоа и директен напад. Тоа се елементите кои секогаш го дефинирале германскиот национален тим.

– Треба да се вратиме на основите, со јасно дефинирани улоги и јасна формација, за да може да се развие конзистентност и на тренинзите и на натпреварите. Во одреден момент, мора да се направат и коренити промени во персоналот кој е дел од репрезентацијата и кој не се прикажува добро подолго време. Иако трае веќе долго време, со добри и решителни потези, ќе најдеме да излеземе од дупката во која паднавме, – порачува Лам за „Кикер“.