Симеоне почна да зборува за страста на Меси и се расплака пред да го заврши интервјуто

Дерби

17/07/2026

12:05

610

Големина на фонт

а а а

Џулијано Симеоне изненадувачки доби шанса во стартната постава во полуфиналето на Светското првенство и тоа беше втор старт за него по мечот со Јордан, а сосема очекувано, синот на легендарниот Чоло не потфрли кога е пожртвуваноста и претрчаните километри во прашање.

Симеоне си ја заврши својата работа со агресивниот стил на игра и беспоштедноста, па откако неговиоте соиграчи се погрижија и за импресивен пресврт во самиот финиш од мечот, Џулијано привлече внимание во Аргентина и со интервјуто кое го одработи по полуфиналето.

Играчот за врска е препознатлив по својата страст и секој атом од силите кои го остава на теренот, но за него далеку поимпресивно е тоа што го прави нивниот лидер и капитен.

Кога дојде момент да говори за Меси, Џулијано се расплака за време на интеврјуто и режираше сцена која стана доста вирална во својата родна земја.

– Лео има 39 години и освои се што може да посака и да сонува еден фудбалер, но тој и натаму се бори иако е најдобар. За нас другите, преостанува само една работа. Да дадеме се што имаме, последниот атом од силите, да трчаме за него и за Аргентина, – изјави Џулијано со растреперен глас.