Берокал: Се надевам дека ќе располагам со најсилниот тим за дуелот со Австрија

Дерби

17/07/2026

12:03

306

Големина на фонт

а а а

Ждрепката која вчера се одржа во седиштетот на ФИБА посака Македонија да се најде во групата „Ф“ во втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот, или во превод, селекцијата предводена од Жозеп Марија Берокал се најде во друштво на две селекции како Австрија и Кипар.

„Возниот ред“ посака Македонија да биде слободна во првото коло кое се игра на 27-ми август, а бидејќи станува збор за два ривали кои бараат максимален ангажман и посветеност, Берокал уште отсега ќе почне со анализи на противниците.

Македонскиот селектор смета дека клучен фактор ќе бидат подготовките кои ќе следат во месец август, но посака и македонскиот тим да биде што е можно посилен со имиња кои ќе дадат се за националниот тим.

– Ја започнуваме втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во месец август. Австрија и Кипар се добри репрезентации, доаѓаат од квалификациите за Светското првенство и ќе видиме што ќе ни донесат овие натпревари. Имаме шест недели до почетокот на подготовките, кои ќе бидат многу важни за нас, затоа што нè очекуваат тешки натпревари, а стартуваме со гостување во Австрија.

– Најважно ми е да ги имаме сите играчи на располагање, добро да се подготвиме и се надевам дека сите ќе можат да се јават на повикот. Желбата ми е да играме во најсилниот ростер. Се надевам дека во август ќе го имаме најдобриот можен тим за дуелот со Австрија и успешно ќе ја започнеме оваа квалификациска рунда, – порача македонскиот селектор.