Голем проблем во најава за Баерн: Олисе ќе побара трансфер, сака да си го оствари детскиот сон

Дерби

17/07/2026

11:49

496

Големина на фонт

а а а

Мајкл Олисе потрфли во последните две нокаут рунди на Светското првенство и не беше на нивото од голем дел од Светското првенство, па во ситуација кога тој беше целосно изолиран на средбата против Шпанија, „триколорите“ ја загубија препознатливата креација која најчесто беше симбол за крилото кое Дешамп го играше како „десетка“.

Олисе одлично се снајде и во таков систем и покажа дека станува збор за играч кој може да одговори во различни улоги, а иако пред него е уште една задача на мундијалот во кој ќе се бори за бронзен медал, неговото име се најде во центарот на вниманието поради ексклузивата на „Лекип“.

Угледниот француски весник излезе со инсајдерска информација дека Олисе е подготвен да предизвика потрес во Баерн Минхен, и тоа во вид на барање за трансфер веднаш по крајот на Светското првенство.

Пред да замине на одмор, Олисе има за план да ги информира челниците на Баерн дека е подготвен за разделба по две импресивни години во Минхен, се со цел да си го оствари животниот сон и да заигра за клубот кој според него е најголем во светот.

„Лекип“ тврди дека Олисе сака да се пресели во Реал Мадрид и веќе побарал информации од Мбапе и Чуамени за тоа како би се снашол во шпанската престолнина, а бидејќи добил добри информации од своите сонародници, планот е да изврши притисок за да ги забрза преговорите меѓу двата клуба.

Баерн во овој момент како клуб има заземено цврст став и во ниту еден случај не сака да ја загуби својата голема ѕвезда, но поради тоа што одржува извонредни институционални односи со Реал Мадрид, за очекување е малку да попушти и да влезе во преговори кои би биле профитабилни за сите страни.

Флорентино Перез уште за време на својата претседателската кампања најави дека има подготвено 150 милиони евра за Галактико засилување, но за да го добие Олисе, Баерн може да побара и околу 200 милиони евра во ситуација кога важи за една од најголемите ѕвезди на денешницата.