Џуд излезе со објаснување за дискусијата која ја имаше со Меси на теренот

Дерби

16/07/2026

11:58

439

Големина на фонт

а а а

Џуд Белингам добива многу критики во аргентинската јавност поради заушката која му ја подели на Валаентин Барко по последниот судиски свиреж, но реалноста е дека Англичанецот влезе во дискусии и со неколку аргентински ривали за време на мечот, меѓу кои и Лионел Меси.

Капитенот на Аргентина имаше мало недоразбирање со Џуд уште во раната фаза на натпреварот кога резултатот беше 0:0, а мора да се признае и дека не остана премногу воодушевен од однесувањето и ставот на Белингам.

Фацијалната гримаса на Лео најдобро отслика што мисли за размислувањето на Џуд, кој по натпреварот откри дека имале дискусија за еден недосуден фаул над Меси.

– Дискусијата со Меси? Реалноста е дека зборувавме за еден прекршок, немаше ништо лошо. Сигурен сум дека сите ќе го направам своето и ќе направат голема работа од ова, но реалноста е дека немаше ништо. Тој се пожали за еден недосуден фаул врз него, а јас му порачав дека е доволно силен за да го издржи тоа.

– Знам дека не е убаво кога зборувате како губитник после еден меч, но за мене беше привлегија да играм против еден од најдобрите на сите времиња, – изјави Белингам.