Златан Ибрахимовиќ дава едни од најуникатните коментари за време на Светското првенство кое се одржува во САД, а како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“, се најде во фокусот и пред второто полуфинале на мундијалот.
Ибракадабра како голем поддржувач на Меси не штедеше пофалби за големиот Лео по големиот пресврт кој го направија Аргентинците вчеравечер во Атланта, но посебно вирален стана моментот кој претходеше на овој натпревар.
Легендарниот напаѓач имаше лошо пророштво за Англичаните во најавата за полуфиналето, бидејќи предвиде дека избраниците на Томас Тухел ќе се запознаат со моќта на левата нога на Меси.
– Англичаните ја видоа „божјата рака“ на Марадона, а сега ќе ја видат левата нога на Богот Меси, – предвиде Ибра пред полуфиналето.
Неговото пророштво се исполни со две клучни асистенции на Меси за пресврт на Аргентина, па неслучајно е тоа што оваа изјава на Ибра е една од најсподелуваните на социјалните мрежи.
Инаку, терминот „божја рака“ се однесува на фамозниот гол со рака кој го постигна Марадона во дуелот со Англичаните на Светското првенство во 1986-та година, натпревар на кој големиот Дон Диего го постигна и „голот на векот“ кога го издрибла цел англиски тим во победата од 2:1.
🚨 WILD QUOTE! 🤯
— Polymarket FC (@PolymarketFC) July 15, 2026
Zlatan Ibrahimovic:
“England have already seen the hand of God. Tomorrow, they will see the left foot of God.” 🇦🇷 pic.twitter.com/DDjo0lFGm5







