Тухел им симна капа на Шпанците: Изгледаат непобедливо

Дерби

15/07/2026

12:00

295

Големина на фонт

а а а

Прес-конференциите кои ги одработија актерите за второто полуфинале на Светското првенство се поклопија со завршницата на првото полуфинале меѓу Шпанија и Франција, па така членовите на Англија и Аргентина веќе дознаа кој би бил нивниот ривал во финалето доколку успеат да победат на вечерашниот меч.

Предност да говори пред новинарите доби Томас Тухел како селектор на англиската фудбалска репрезентација, а покрај тоа што Германецот ги нагласи квалитетите на Аргентина која е предводена од својот лидер Лео Меси, се задржа на новиот успех кој го направи Шпанија и на светска сцена.

Актуелниот европски првак одигра докторски натпревар против Франција и сосема заслужено чекираше билет во финалето, па со свој коментар за виденото на мечот даде и Тухел.

– Да бидам искрен, го изгледав цело прво полувреме и Шпанија беше импресивна. Мора да им се честита, колку е поголем предизвикот за нив, толку подобро играат.

– Погледнете каква статистика имаат под водство на Де ла Фуенте, изгледа дека се непобедливи, тоа што го прават е импресивно. Шпанија игра со јасен печат, печат кој е препознатлив за Шпанија. Им честитам за прикажаното, мора да им се оддаде признание за тоа што го прават, – изјави Тухел.