Андре Агаси беше човекот кој се обидуваше да му помогне на Новак Ѓоковиќ додека Србинот минуваше низ најголемата криза во својата кариера, односно во периодот од 2017-та до 2018-та година кога се опоравуваше од тешката повреда на лактот.
Ноле го ангажираше прославениот американски тенисер и имаа меѓусебна соработка околу една година, а како човек кој ги познава сите движења и дневните рутини на Србинот, Агаси сега даде една загрижувачка изјава за својот некогашен ученик.
Славниот Американец смета дека Ѓоковиќ нешто крие за себе и не го споделува со јавноста, па според него, тоа е проблем кој може да биде доста голем во оваа фаза од кариерата.
– Неговата физичка состојба не му овозможи да игра подобро и да прикаже подобар тенис против Синер во полуфиналето на Вимблдон. Тоа е аспектот од неговата игра кој најмногу загрижува во оваа фаза од кариерата.
– Многупати сум го гледал Новак како се жали на проблеми со телото, но секогаш оддаваше впечаток дека игра со голема желба. Сега ми изгледа како човек кој се обидува да крие нешто во себе, како некој што крие што стварно чувствува. Понекогаш брза со одговорот за ривалите на теренот, а понекогаш бира да потроши што е можно помалку енергија. Сето тоа менаџирање носи конфузија и не изгледа баш добро на долг рок во тенисот, – вели Агаси.







