Де ла Фуенте му одговори на Дешамп и си посака ривал за големото финале на СП

Дерби

15/07/2026

11:59

339

Големина на фонт

а а а

Дидие Дешамп полека ја заокружува својата извонредна етапа како селектор на француската фудбалска репрезентација, а вчера стана јасно дека нема да може да се бори за уште еден трофеј на Светските првенства.

Шпанија го оневозможи да стане првиот селектор кој ја одвел својата селекција на три последователни финалиња на мундијалите, па иако неговиот тим беше целосно надигран од „црвената фурија“, Дешамп постави и едно прашање кое предизвика големо внимание во јавноста.

Францускиот селектор го впери прстот кон главниот судија и го посочи како најлош актер во полуфиналето во кое играа две светски велесили, а иако нагласи дека не сака да бара алиби, неговата изјава некои ја протолкуваа како можно оправдување за разочарувачкото издание на неговите фудбалери.

– Кога губиме, сите бараме одредени оправдувања. И ние имавме ситуации во кои се судеше против нас, имаше доста акции во кои бевме оштетени, но тоа е дел од фудбалот. Моја желба е да се подобрат сите алатки во фудаблот, а тука мислам и на судиите и на ВАР. Секогаш ќе има одлуки кои ќе бидат различно протолкувани, – изјави шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте.

Предводникот на „фуријата“ запиша трета победа во директните дуели со Дешамп, а сега си посака и една желба за големото финале кое се игра во недела во Њу Џерси.

– Сеедно е против кој би играле во финалето, знаеме дека ќе биде дуел со силна селекција. Сепак, ако треба да бирам, би сакал да играме против Аргентина поради пријателството кое го негувам со Скалони, – изјави Шпанецот.