Кукурелја доби посебен поздрав од соиграч во соблекувалната: Го „изеде“ Олисе, извади го од својот џеб

Дерби

15/07/2026

12:54

351

Големина на фонт

а а а

Во една спектакуларна тимска претстава во сите фудаблски елементи, тешко е да се издвои само еден играч кој посебно отскокна против Франција, но добар дел од шпанските медиуми му даваат посебно признание на Марк Кукурелја за играта која ја понуди во одбрана.

Новиот лев бек на Реал Мадрид одигра енергично и пожртвувано во свој препознатлив стил, па покрај тоа што доби посебни комплименти од Тјери Анри, се најде во фокусот и поради еден коментар од свој соиграч.

Во големото славје кое го имаа Шпанците во соблекувалнта во Далас, се слушаа криците на различни фудбалери, а Кукурелја доби јасна порака од Фабијан Руиз.

– Каков фудаблски рецитал од наша страна, – порача воодушевниот Кукурелја, по што доби реплика од Руиз.

– Го „изеде“ Олисе, извади го од својот џеб…