Мбапе му даде јасни инструкции на Мењан пред пеналот, но голманот на Франција остана без никаква шанса

Дерби

15/07/2026

11:56

267

Големина на фонт

а а а

Наивниот потег на Лукас Дињ беше најава за лошата вечер која ја имаа француските фудбалери во Далас, бидејќи главните фаворити за трофејот мораа да гледаат уште еден меч во кој целосно се надиграни од Шпанија.

Трет пат во низа, Французите доживеаја пораз од „црвената фурија“ на големо натпреварување и полека станува јасно дека „фуријата“ е најнепосакуван ривал за „галските петли“, на кои сега им преостанува само да се утешат во битката за третото место.

Килијан Мбапе и останатите ѕвезди од нападот останаа отсечени во натпревар кој целосно беше издоминиран од Шпанците со техничкиот квалитет во средниот ред, а на капитенот не му помогна ниту добрата антиципација за пеналот.

Микел Ојарзабал беше човекот кој беше предодреден да го изведе ударот од 11 метри, а Мбапе како капитен на Французите, се обиде да му помогне на својот голман.

Мбапе му даде јасни инструкции на Мењан каде да се фрли, па иако францускиот голман го послуша капитенот, ударот на Ојарзабал беше до толку добар, што Мајк едноставно немаше никакви шанси.