Килијан Мбапе доживеа уште едно големо разочарување во 2026-та година, бидејќи откако остана без ниту еден трофеј на клупски план, сега остана и без оној за кој мечтаеше како капитен на француската репрезентација.
„Триколорите“ имаат перфектен пат до полуфиналето и со прикажаната игра се издвоија како главни фаворити за трофејот, но дуелот со Шпанија им донесе нови големи проблеми и нова елиминација во претпоследната фаза на едно големо натпреварување.
Франција загуби од „фуријата“ на трет натпревар во низа и покажа дека нема против игра за тимот на Луис де ла Фуенте, па прикажаната немоќ го натера Мбапе да го признае поразот и да ги посочи клучните елементи кои ја оставија Франција без шанса за ново финале.
– Не го одигравме натпреварот што го сакавме, ниту на тактички план, ниту на технички план. Не бевме на нивото кое го покажавме досега, а кога нема да го направите тоа во полуфинале на Светско првенство, си одите дома. Шпанија се држеше до својот план на игра и тоа е она што ги карактеризира. Тоа е тим кој сака да контролира со посед и така диктира темпо на игра. Идејата беше да ги притиснеме високо на теренот и да направиме да се почувствуваат комотни во лажен ритам, но не успеавме во тоа. Нашиот план не вроди со плод, направивме многу технички грешки и не знаевме како да им наштетиме.
– Ние им дозволивме да го прават тоа што најмногу го сакаат. Од нас зависеше да го промениме балансот на моќ, но тука потфрливме. Од самиот почеток им дозволивме да диктираат темпо, особено со играчи како Родри и Фабијан во средниот ред. Имавме недостаток на комуникација, не ги притискавме добро и не ги принудивме да трчаат по нас. Планот беше да играме еден на еден, но дури и кога ќе ја освовме топката, технички не бевме на ниво. Првиот пас, првиот допир не беше на ниво на едно полуфинале. Кога ќе се собере сето тоа, поразот беше неизбежен, – изјави францускиот капитен.
– Преовладува големо разочарување, сите сонувавме за ново финале, сакавме да создадеме нова историја. Поразот е нешто со кое сега ќе мора да се соочиме со кренати глави. Фудбалот не чека никого, сега ќе одиме на одмор и ќе продолжиме понатаму, – заврши Мбапе.










