Тјери Анри сосема очекувано не беше расположен за детални анализи откако Франција доживеа вистински фудбалски потоп во полуфиналето со Шпанија, но како експерт за „Фокс Спортс“, спортски и професионално го прифати поразот кој беше заслужен.
„Црвената фурија“ одржа фудаблски час во Далас и покажа дека не случајно е актуелен европски шампион, а со победата од 2:0, ќе има шанса да ги обедини титулите на Европското и Светско првенство како што беше случај пред повеќе од една деценија.
Анри во својата кратка анализа по натпреварот реши да поздрави играчи кои не добиваат големо внимание во јавноста, а тоа се Микел Ојарзабал и Марк Кукурелја.
– Шпанија покажа на дело зошто е актуелен европски шампион. Го контролираше натпреварот на свој начин, со топката во нозе, но и без неа. Беа многу супериорни и нема што многу да се додаде.
– Франција во иднина ќе мора да анализира и добро да размисли како да пристапи на натпреварите против Шпанија (ова беше трет пораз во низа). Луѓето не покажуваат доволно почит за Ојарзабал бидејќи игра во Реал Сосиедад, но отсега ќе го почитуваат. Истото важи и за Кукурелја, тој беше неверојатен. Сите го исмеваа, но никој не може да го надитри и надигра. Се бранеше од 30-та минута со жолт картон и ги доби речиси сите дуели со Олисе и Дембеле. И двајцата ги стави во џеб, – порача Анри.






