Шпанија скромно го отвори мундијалот во САД, Мексико и Канада и многумина ја оптишаа откако ремизираше против Зеленортски Острови, но идентично како на Светското првенство пред 16 години, „фуријата“ во продолжение испорача шест победи за пласман во големото финале.
Тимот на Луис де ла Фуенте направи моќниот тим на Франција да изгледа крајно немоќно и неинвентивно, а бидејќи главна заслуга за тоа имаат неговите фудаблери, дел од нив сосема заслужено ликуваа по големата победа со резултат 2:0.
Шпанија полека се претвора во вистински кошмар за „триколорите“ кои претрпеа трет пораз во низа, но додека сите зборуваат за извонредната игра во средниот ред и напаѓачкиот потенцијал, Пау Кубарси го издвои елементот кој сите го потценија.
„Фуријата“ прими само еден гол на ова Светско првенство и благодарение на дефанзивната стабилност стигна до големото финале, а вчера успеа да го неутрализира и тимот кој изгледаше со најдобри офанзивни предиспозиции.
– Пред турнирот имаше „отровни стрелички“ дека не сме најдобри во одбрана и на голманската позиција, но сметам дека на овие натпревари затанвме многу усти. Имаме примено само еден гол и се пласиравме во големото финале.
– Завршивме извонредна работа како тим, ова е работа на сите, а не само на оние кои играат на теренот, или играат во одбрана. Ова е заслуга и на оние кои се на клупата, нивниот квалитет прави тренинзите да бидат максимално интензивни и секој играч да биде што подобар, – изјави Кубарси.







