Роналдо со совет до Нејмар: Немој сега да носиш одлука…

Дерби

15/07/2026

11:10

641

Големина на фонт

а а а

Нејмар доби шанса да биде дел од бразилската репрезентација на Светското првенство, шанса која прашање е дали ја заслужи со оглед на тоа што имаше играчи со подобра форма и ритам од него.

На крајот не успеа да му помогне на Бразил да оствари голем резултат, односно „кариоките“ го завршија настапот во осминафиналето каде им пресуди селекцијата на Норвешка.

Сега е навистина голем знак прашалник дали Неј воопшто во иднина ќе го видиме во националниот тим, но легендарниот Роналдо го советува да не брза и да не носи конечна одлука околу репрезентацијата во овој момент.

- Не барај ништо од себе и не одлучувај ништо сега, немаш потреба. Никој не треба ништо да решава во моментов. Тој ќе се врати во својот клуб, повторно ќе игра. Не можеме да заборавиме дека тој доаѓа по две години сериозна повреда. Тој пристигна како жртва за ова Светско првенство. Повторно ќе го фати ритамот. Ќе игра 10, 15 натпревари по ред. Ќе се врати на постигнување голови, ќе ја врати самодовербата.

- За кратко време повторно ќе биде возбуден и којзнае, можеби Анчелоти ќе го види како опција за бразилската репрезентација. Тој ја има техничката состојба. Сега, треба да биде физички добро за да може да биде одлучувачки, - порача Роналдо.