Рајан Шерки остана во сенка на другите четири француски ѕвезди во нападот во голем дел на Светското првенство, но кога Францијата остана без идеи да и нанесе било каква штета на Шпанија, Дидие Дешамп побара помош од ѕвездата на Манчестер Сити.
Шерки успеа малку да ги живне „триколорите“ и Франција беше доста поопасна во последните 20 минути, меѓутоа ова се покажа како презадоцнето будење од „галските петли“ кои претходно беа целосно надиграни од европските шампиони.
Поразот од 2:0 е целосно заслужен и Шпанија е таа која ќе ја гледаме во големото финале на Светско првенство, па сосема очекувано, разочарувањето и фрустрацијата беше огромна во францускиот табор.
Шерки беше еден од оние играчи кои се соочија со домашните новинари, а по поразот фудбалерот на Манчестер Сити нагласил дека Шпанија била подобра во секој поглед, иако Франција го има подобриот тим.
– Во овој момент, не можам точно да проценам дали ни недостасуваа решенија, или поголема желба. Шпанија играше во свој ритам, полесно ја враќаа топката во свој поседи и не успеавме да ги добиеме дуелите во средниот ред. Разочарувањето е огромно, знаевме дека ќе форсираат игра со бавно темпо, тоа е она што им одговара. Требаше да играме слично како нив, но испадна покомплицирано од што мислевме дека ќе биде.
– Се обидов да иницирам кам-бек со влегувањето во игра, но едноставно не успеваше ништо. Тие беа тактички подобри од нас, беа подобри позиционирани во речиси секоја акција, едноставно беа подобри во секој детаљ.
– Не можам да ги најдам вистинските зборови, тие навистина беа подобри во секој фудбалски аспект од играта, како повеќе да го сакаа финалето. Убеден сум дека сме подобар тим од Шпанија, но овојпат беа супериорни и не победија. Го одведоа мечот онаму кадешто сакаа, играа бавно, без преголем пресинг и добија простор за игра и размислување во средниот ред, – изјави Шерки.






