„Кајмак“ на Милчо Манчевски, „Поетроника“ и „Ова не е американски филм“ на Скопско лето

Макфакс

15/07/2026

09:50

172

Големина на фонт

а а а

Статијата ги презентира културните настани на Скопско лето, вклучувајќи ги проекциите на филмовите „Кајмак“ и „Ова не е американски филм“, поетско-музичкиот проект „Поетроника“ и пијано рециталот „Контрасти и страсти“ на Давид Павиќ.

Театарската претстава „Сина сенка“ на Независен театар Златен Елец, која требаше да се одржи денес (15.07.2026г. – среда) со почеток во 20:30 часот во Лабораториум се одложува за на 17.07.2026г. (петок), а часот и локацијата остануваат непроменети, на барање на публиката, поради закажниот полуфинален фудбалски натпревар на светското првенство. Купените билети за на 15.07.2026г. ќе важат за изведбата на 17.07.2026г., а оние кои не обезбедиле карти навремено, можат да купат на karti.com.mk.

Кајмак на Милчо Манчевски

Вечерва (15.07.2026г.) со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија продолжува „Кинотека на Скопско лето“ со проекција на филмот „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски. Билетите се во продажба на karti.com.

Поетроника

Исто така вечерва, со почеток во 20:30 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, ќе се одржи поетско-музички настан „Поетроника“ на Андреја Салпе и Оливер Митковски.
„Поетроника“ е уникатен поетско-музички проект на Андреја Салпе и Оливер Митковски, кој го спојува македонското поетско наследство со современиот звук на електронската музика. Преку внимателен избор на поетски текстови и иновативен музички пристап, стиховите на автори од различни генерации добиваат нова звучна и интерпретативна димензија. Проектот создава динамичен дијалог меѓу литературата, музиката и сценскиот израз, отворајќи нови можности за доживување на поезијата. „Поетроника“ нуди современ и комуникативен поглед кон македонскиот поетски збор, доближувајќи го до поширока и помлада публика.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Ова не е американски филм

Утре вечер (16.07.2026г. – четврток) ќе се одржи претпоследната проекција во рамки на Кинотека на Скопско лето, Фокус: Македонски филм, со почеток во 20:15 часот во Кинотека на Македонија. Станува збор за филмот „Ова не е американски филм“ во режија на Сашо Павловски, а билетите се во продажба на karti.com.mk.

Контрасти и страсти

На 16.07.2026г. – четврток, со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар – Скопје), ќе се одржи камерен концерт – пијано рецитал насловен „Контрасти и страсти“ на Давид Павиќ.
Младиот пијанист Давид Павиќ ќе се претстави со рецитал што обединува дела од барокот, класицизмот, романтизмот и современата македонска музика. Програмата ги поврзува музичките светови на Хендел, Бетовен, Шуман, Лист и Властимир Николовски, создавајќи вечер исполнета со виртуозност, емоција и стилски контрасти. Концертот претставува дел од новата генерација македонски музичари кои сè поуспешно го градат своето уметничко присуство на домашната и меѓународната сцена.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.