Тргнуваме во завршната фаза на Светското првенство, а денеска и утре ги имаме два од последните четири натпревари на овој турнир што се игра во три држави САД, Мексико и Канада.
Три европски и една јужноамериканска држава се во игра за пехарот на мундијалот, вечерва стартуваме со битката меѓу Франција и Шпанија, а пак утревечер во терминот од 21 часот ќе ги гледаме Англија и Аргентина.
Некогашниот напаѓач Крис Сатон како стручен консултант за „Би-Би-Си“ и овојпат имаше можност да даде своја прогноза со точен резултат, а интересно е тоа што според него двете средби ќе имаат идентичен епилог со по четири постигнати гола.
Тој смета дека „триколорите“ ќе ја добијат „црвената фурија“ со 3-1, а „трите лава“ со истиот резултат ќе бидат подобри од „гаучосите“.
Вештачката интелегенција пак и дава предност на Франција (2-1), но и на актуелниот светски шампион Аргентина (2-1).






