Сè што треба да знаете за летните главоболки

Точка

13/07/2026

15:46

433

Големина на фонт

а а а

Главоболката може да се појави за време на топло време или при физичка активност што ја зголемува телесната температура. Сепак, таа ретко е директна последица на жештината. Најчесто е предизвикана од некој поврзан фактор, како што се дехидратација, прекумерно изложување на сонце или топлинска исцрпеност, пишува „Medical News Today“.

Можни причини

Главоболките што се јавуваат при повисоки температури најчесто се поттикнати од еден од следните фактори.

Една од најверојатните причини е дехидратацијата. Недостатокот на течности во организмот доведува до стеснување на крвните садови, што може да предизвика главоболка. За време на жештините или при вежбање, телото преку потење губи вода и електролити, а доколку тие не се надоместат, може да дојде до дехидратација. Таа, исто така, може да ги влоши постојните состојби како мигрената и симптомите поврзани со неа.

Болестите поврзани со високите температури, како што се топлинската исцрпеност и топлотниот удар, исто така се честа причина за главоболка. Според Американскиот национален институт за здравје (NIH), други чести предизвикувачи се прекумерното изложување на сонце или силна светлина, недоволното спиење, консумирањето алкохол и лошото држење на телото.

@juicingblonde How we’re hydrating after our hot girl walks this summer🍉 it’s giving natures Gatorade 💧 Watermelons are more than 90% water and packed with electrolytes like potassium and magnesium, which are essential for maintaining hydration levels and muscle function. Try this fresh pressed watermelon juice on ice after your next sweat sesh or fun in the sun ☀️ HOT GIRL HYDRATOR • 1/2 large watermelon • 2 cups of raspberries • 1 lime with half the peel (including some peel enhances the citrus flavor) #juicerecipe #juicecleanse #juicing #coldpressedjuice #namawelljuicer #namawell #watermeloncleanse #watermelon #watermelonjuice #naturallimeade #naturesgatorade #juicingtiktok #juicingtutorials ♬ MILLION DOLLAR BABY (VHS) - Tommy Richman

На што укажуваат придружните симптоми?

Главоболките предизвикани од жештина или фактори од околината можат да бидат проследени со различни симптоми, во зависност од причината.

Ако главоболката е последица на топлинска исцрпеност, можат да се појават и други симптоми на прегревање. Предупредувачките знаци вклучуваат обилно потење, мачнина или повраќање, вртоглавица, грчеви во мускулите, слабост, замор, ладна и леплива кожа, како и забрзан, но слаб пулс. Можно е и краткотрајно губење на свеста.

Топлотниот удар е многу посериозна состојба со слични симптоми. Ако покрај главоболката се појават висока телесна температура, жешка, сува или влажна кожа, збунетост, силно и забрзано чукање на срцето, мачнина или црвенило на кожата, потребно е веднаш да се повика Итна медицинска помош.

Покрај главоболката, дехидратацијата може да предизвика и силна жед, сува уста и усни, сува кожа, темна боја на урината, замор, вртоглавица, како и намалено мокрење и потење. Ако дехидратацијата стане сериозна и се појават симптоми како збунетост, целосен прекин на мокрењето, несвестица, забрзано чукање на срцето, забрзано дишење или шок, потребно е веднаш да се побара лекарска помош.

Лицата кои страдаат од мигрена често, покрај силната пулсирачка главоболка на едната или на двете страни од главата, чувствуваат и мачнина, повраќаат и се чувствителни на светлина. Приближно едно од пет лица со мигрена доживува и таканаречена аура.

@grape.mangohichew #chronicmigraine #migraine #fyp #summer #headache ♬ original sound - 𓆝Annie Murphy𓆟𓆞

Како да спречите главоболка предизвикана од жештина?

Можно е да се преземат мерки за спречување на главоболките предизвикани од жештина, дехидратација и други фактори од околината.

Останете разладени. Ако престојувате на отворено, останувајте што е можно повеќе во сенка, правете чести паузи и ограничете ги активностите на постудените делови од денот. Во затворени простории, користете клима-уред или вентилатор.

Останете хидрирани. Секогаш носете шише вода со себе и пијте течности редовно во текот на денот. Се препорачува да се ограничи внесот на пијалаци богати со шеќер, натриум, кофеин и алкохол, бидејќи тие можат да ја влошат главоболката и да ја намалат хидратацијата.

Бидете внимателни на симптомите. Штом ги почувствувате првите знаци на состојби поврзани со жештината, како замор, главоболка или вртоглавица, веднаш одморете се на ладно место. Преземете мерки за разладување, како пиење ладна вода или туширање со свежа вода.

Лекување на главоболката

Ако главоболката сепак се појави, одредени мерки за самопомош можат да ја намалат или целосно да ја ублажат болката.

По потреба може да се земат аналгетици без рецепт. Сепак, долготрајната употреба на лекови против болка може дополнително да ги влоши главоболките, па затоа лицата со хронични главоболки треба да се консултираат со лекар за соодветен план за лекување.

Разладувањето и хидратацијата се клучни чекори за ублажување на главоболките предизвикани од дехидратација и состојби поврзани со високите температури.

Дополнително, главоболките можат да се намалат и со промени во животниот стил, како доволно сон, балансирана исхрана, правилно држење на телото и ефикасно справување со стресот. Понекогаш одморот во ладна, затемнета просторија со затворени очи може значително да ја ублажи главоболката поврзана со жештината и изложеноста на силна светлина.

@anastazia

♬ Trumpets (In the Style of Jason Derulo) [Karaoke Version] - High Level Karaoke

Кога треба да побарате лекарска помош?

Ако често имате главоболки, потребно е да се обратите кај лекар, бидејќи тие можат да бидат знак за друго здравствено нарушување. Медицинска помош треба да побарате и ако првпат почувствувате мигренозна главоболка или ако забележите промени во зачестеноста на постојните мигрени.

Во случај на симптоми на топлотен удар, како што се збунетост, слабост и вртоглавица, потребно е веднаш да се повика Итна медицинска помош.

Каква е прогнозата?

Во најголем број случаи, главоболката предизвикана од жештина ќе помине сама по себе ако лицето се тргне од високите температури и внесе доволно течности. Лековите против болка што се издаваат без рецепт и одморот можат дополнително да помогнат во ублажувањето на болката.

Лицата кои страдаат од мигрена треба да разговараат со здравствен работник за стратегии на лекување, кои најчесто се насочени и кон ублажување на тековните симптоми и кон спречување на идните напади.

Доколку жештината, сонцето или други фактори од околината претставуваат нов предизвикувач на главоболките, важно е да се консултирате со лекар за дополнителни стратегии за превенција.