Навика за време на ручекот што може да предизвика замор и воспаленија во организмот, според диететичарка

Точка

13/07/2026

18:32

556

Големина на фонт

а а а

Многу се зборува за важноста на здравиот појадок и урамнотежената вечера, но ручекот честопати го јадеме набрзина, без многу да размислуваме што пиеме со него. Според диететичарката Јохана Кац, една вообичаена навика за време на ручекот може да придонесе за воспаленија во организмот и попладневен замор.

Кац, која е специјализирана за превентивна здравствена грижа, контрола на телесната тежина и спортска исхрана, вели дека „една од најчестите навики за време на ручекот што може да придонесе за воспаленија и попладневен замор е консумирањето засладени пијалаци“.

Таа нагласува дека не станува збор само за газирани сокови.

„Тоа можат да бидат и засладен чај, лимонада, енергетски пијалаци, спортски пијалаци, како и засладени кафиња“, изјави таа за „SheFinds“.


Шеќерот се крие во повеќе пијалаци отколку што мислат многумина

Диететичарката посочува дека многу луѓе за време на ручекот избираат токму големи засладени кафиња, ладни чаеви или енергетски пијалаци. Таквите напивки содржат големи количини шеќер, а многу малку хранливи материи.

„Тоа може да предизвика осцилации на нивото на шеќер во крвта, поради што некои луѓе се чувствуваат уморно или подоцна во текот на денот имаат уште поголема желба за благо“, објаснува Кац.

Таа додава дека бројни истражувања ги поврзуваат засладените пијалаци со полошо кардиометаболичко здравје, како и со повисоки вредности на Ц-реактивниот протеин (CRP), кој е еден од показателите за воспалителни процеси во организмот.


Не е потребно целосно да ги исфрлите

Кац нагласува дека тоа не значи дека засладените пијалаци мора целосно да се исфрлат од исхраната.

„Тоа не значи дека никој никогаш не смее да испие засладен пијалак. Но, ако тоа е секојдневна навика за време на ручекот, можеби вреди да размислите за промена“, советува таа.

Наместо тоа, препорачува минерална вода, незасладен ладен чај или незасладено кафе, како и ручек богат со протеини, растителни влакна и здрави масти.