Животот неретко го ставал Бојан Маровиќ на искушенија откако од родната Црна Гора дошол во Белград и почнал да ја гради својата музичка кариера.
Како што открил своевремено, живеел далеку од луксуз. Поради недостиг на пари јадел остатоци од сендвичите на други луѓе, а дома се враќал тажен и депресивен.
„Кога дојдов во Белград, ме дочека вистински хорор. Ме презедоа менаџери кои толку многу ме ограбуваа што, додека студирав на Академијата, јадев сендвичи што ги оставаа други луѓе, бидејќи бев гладен. Во исто време веќе бев на телевизија, бев ѕвезда, делев автограми, се фотографирав со луѓе и сè останато.
Дома се враќав депресивен и очаен, само затоа што тоа не беше светот каков што го замислував. Работев без престан – концерти, свирки – а кога ќе се вратев дома немав ништо, ниту денар. Сè земаа за себе. Ме ограбуваа, а потоа измислуваа разни приказни. Драго ми е што тие луѓе повеќе не се менаџери и што нема да уништат ниту едно младо момче или девојка“, раскажал Бојан Маровиќ.
„Од стрес почнала да му паѓа косата“
Пејачот потоа открил дека поради големиот стрес почнала да му паѓа косата.
„Одев на настапи со луксузни автомобили, а кога ќе се вратев дома – катастрофа. Постојано бегав од дома, сакав да бидам со публиката и да свирам виолончело, затоа што тогаш не мислев на ништо.
Кога дипломирав на Академијата, само го фрлив индексот и реков: ‘Тоа е тоа’. Добро се исплакав, затоа што ми беше преку глава од сè. Најмногу ме погоди кога се разбудив во еден хотел и веќе не знаев ниту каде сум се разбудил, ниту во кој град се наоѓам.
Отидов да се измијам и ја видов својата коса во рацете. Забележав два „печати“ на темето и тогаш си реков: ‘Тоа е тоа, крај на приказната. Повеќе не ми треба никој, сè ќе правам сам’“, изјавил Бојан за „K1“.











