Компанијата „Rimac Technology“ бара повеќе од 100 работници, почнувајќи од магационери, па сè до оператори во производство. Работното место е во „Rimac Campus“ во Керестинец. Информацијата за вработувањето на толкав број работници ја потврди лично сопственикот Мате Римац од Ливно.
Мате Римац им посака среќа на идните вработени
„Бараме 100+ работници во производството во „Rimac Technology“ (локација „Rimac Campus“). На овој линк се достапни сите важни информации. Воедно вработуваме и стотици нови луѓе на други работни позиции – особено во развојниот сектор на „Bugatti Rimac“. Заинтересираните можат да ги погледнат сите огласи на страницата „Careers“. Среќно!“, објави Мате Римац на социјалните мрежи.

Колкави плати нуди Римац?
Во огласот е наведено дека компанијата нуди бруто плата од 1.500 евра месечно.
Покрај тоа, предвидени се и додатоци на платата за прекувремена работа, работа во смени, како и за работа во недела и на празници:
• Попладневна смена: +10%
• Ноќна смена: +30%
• Работа во сабота: +30%
• Работа во недела и на празници: +50%
Освен тоа, компанијата нуди и многу други бенефиции за своите вработени.






