Аканџи ја призна грешката: Го прекршив најстарото правило кога се шутира пенал

Дерби

08/07/2026

12:08

476

Големина на фонт

а а а

Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето на Светското првенство, билет до кој дојде откако ја доби драмата со Колумбија.

На средбата која се играше во Ванкувер немаше голови по 90, 120 минути, па пеналите беа тие кои го одлучија победникот, серија во која Швајцарците беа пофокусирани и славеа со 4-3.

Само еден играч кај европската селекција не го реализираше ударот од 11 метри, тоа беше дефанзивецот Мануел Аканџи кој воопшто не ја погоди рамката од голот.

- Му кажав на Мури (Јакин) дека тоа веројатно беше последниот пенал што го изведов. Беше катастрофа. Се предомислив во последен момент. Најстарото правило е дека никогаш не треба да се предомислите кога ќе тргнете кон топката. Јас го направив тоа, малку се лизнав и топката заврши четири јарди над голот, - истакна дефанзивецот.

- Сепак, и покрај големото промашување, тој е импресиониран од реакцијата на тимот.

- Неверојатно сум горд на начинот на кој реагираше тимот. Не одигравме особено добар натпревар, особено во нападот каде што многу ни недостигаше, но како тим бевме исклучително компактни, - заврши Аканџи.