Германската федерација ја потврди разделбата со Нагелсман и најави преговори со Клоп

Дерби

03/07/2026

14:33

178

Големина на фонт

а а а

Јулијан Нагелсман и официјално веќе не е германски селектор, а федерацијата денеска ја потврди таа информација откако е завршен состанокот на највисокото раководно тело.

Елиминацијата од Парагвај на СП 2026 донесе големо разочарување за германската фудбалска јавност, па неуспехот беше преголем товар за Нагелсман, кој доби отказ од федерацијата.

Преку своите официјални канали, Германската фудбалска федерација му се заблагодари на Нагелсман за досега сработеното, а истовремено најави дека ќе започне преговори со Јирген Клоп.

Во соопштението се вели дека Клоп покажал дека е расположен да разговара за да биде наследник на помладиот колега, па јасно е дека наредниов период ќе се знае дали ќе биде нов германски селектор.

Засега не е позната судбината на спортскиот директор Руди Фелер, генералниот менаџер Андреас Ретиг поднел оставка и нема да го продолжи договорот со федерацијата поради лични причини.