Француската фудбалска репрезентација го оправдува статусот на еден од најголемите фаворити за триумф на СП 2026, а досегашните настапи најавуваат дека Дидие Дешамп и неговите избраници се решени да донесат уште еден мундијалски трофеј за својата земја.
Мбапе, Олисе и останатите добиваат комплименти од сите страни, француските фанови се еуфорични, но тоа сериозно му пречи на Даниел Риоло, еден од најугледните и најпознати фудбалски новинари и колумнисти во земјата.
Во своето последно излагање пред јавноста, Риоло потенцирал дека се претерало со еуфоријата, а репрезентацијата уште не го поминала ни осминафиналето.
– Ова што се случува станува иритирачко и неиздржливо, после секоја победа се создава нереална национална и новинарска екстаза. Знам дека е светско првенство и луѓето треба да зборуваат на оваа тема секој ден, но не треба да се претерува.
– Франција во моментов е осминафиналист откако досега играше со селекции како Ирак, Шведска, Сенегал и вториот тим на Норвешка. Не сме играле против ниту еден сериозен противник, не сме направиле ништо, смирете се малку и да уживаме во секој натпревар.
– Го сакам Олисе, но многумина веќе го поставија на исто ниво со Платини и Зидан… Престанете со тоа додека е време, – порачал Риоло.







