Борнмут се засили со играч од Ла Лига, половина од парите одат кај Реал Мадрид

Дерби

03/07/2026

13:54

201

Големина на фонт

а а а

Премиерлигашот Борнмут денеска го потврди трансферот на уругвајскиот младински репрезентативец Алваро Родригез, кој доаѓа од редовите на Елче.

21-годишниот фудбалер е роден во Шпанија и има право да настапува и за европската селекција, а потекнува од младинските академии на Џирона и Реал Мадрид.

Борнмут ќе плати фиксна сума од 21,4 милиони фунти, истата може да достигне 25,7 милиони фунти преку бонуси, а 50 проценти од сумата ќе заврши кај неговиот претходен клуб Реал Мадрид.

Напаѓачот ќе потпише петгодишен договор со тимот од „Виталити“, а го напушта Елче по само една сезона, во која постигна 7 голови во Ла Лига.

„Црешите“ се обидуваат да доведат повеќе засилувања затоа што ќе настапуваат и во Лига Европа, а ќе бидат предводени од новиот тренер Марко Росе.