Џејлен Браун го напушта Бостон и ќе биде нов член на Филаделфија, а во својот прв коментар за размената признал дека е разочаран од ваквото сценарио.
Браун беше лидер на Селтикс, посебно во моментите кога Џејсон Тејтум беше долго повреден и импресионираше со своите бројки во зелениот дрес, но раководството на франшизата реши да го испрати во Филаделфија.
– Се уште процесирам што се случи и како се случи.
– Возбуден сум, но и разочаран во исто време.
– Го заслужив почитувањето во Бостон, никогаш не сум барал специјален третман, работев напорно секој ден и го прифаќав секој предизвик. Не е лесно да се каже збогум откако си инвестирал толку многу на едно место, но засекогаш ќе го носам овој град и клуб во моето срце, – рекол Браун.
Бостон ќе го добие Пол Џорџ и неколку пика во првата и втората рунда на следните драфтови, додека Филаделфија со Браун најавува дека има шампионски амбиции за следната сезона.







