Наполи го потврди Алегри како официјален наследник на Конте

Дерби

03/07/2026

11:28

224

Големина на фонт

а а а

Наполи ќе има нов тренер во новата сезона, а Антонио Конте ќе биде заменет со Масимилијано Алегри.

Искусниот стручњак доби отказ по само една сезона на клупата на Милан, па сега прифати нов предизвик во уште една екипа од врвот на италијанскиот фудбал.

Наполи и Конте се разделија по двегодишна соработка и едно освоено скудето, а утринава клубот го потврди Алегри, кој мораше да чека официјално раскинување на договорот со „росонерите“.

Алегри потпишал тригодишен договор, а информацијата традиционално е потврдена и од Аурелио Де Лаурентис на „Икс“.