Англичаните го кријат хотелот, но Тухел признал дека Мексико има една голема предност

Дерби

03/07/2026

12:39

234

Големина на фонт

а а а

Мексико е следниот предизвик за англиската фудбалска репрезентација, која досега не успеа да одигра комплетен квалитен натпревар и мораше да прави пресврт и на дуелот со ДР Конго во шеснаесетфиналето.

Томас Тухел и неговите фудбалери сега се селат во Мексико, каде од денеска ќе се подготвуваат за дуелот со кодомаќинот во Мексико Сити.

Англиските медиуми пренесуваат дека федерацијата го крие хотелот во кој ќе биде сместена делегацијата, обидувајќи се да ги заштити фудбалерите од бучните мексикански фанови, кои сигурно ќе се обидат да ги остават без сон во пресрет на осминафиналето.

Еквадорците се жалеа до ФИФА дека не можеле да спијат во Мексико Сити поради потезите на фановите пред луксузниот хотел, но останува да се види дали Англија воопшто може да се „сокрие“ до натпреварот закажан за понеделник наутро.

Селекторот Тухел очекува одредени уреди и конвенционални решенија да помогнат во овој сегмент, но признал дека неговата репрезентација не може да се адаптира на надморската височина, која на стадионот „Ацтека“ изнесува 2.240 метри.

– Големата надморска височина ќе ни биде проблем, бидејќи немаме време за физички да се адаптираме на неа.

– Не е можно такво нешто за три-четири дена, сигурно ќе има и други проблеми, но подготвени сме на тоа. Знаевме каква е ситуацијата од претходно, но дефинитивно тоа ќе биде предност за противникот, – коментирал англискиот селектор.