Унај Симон има голема доверба кај шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, а нивната долга и успешна соработка му даваат предност во конкуренција на голмани како Давид Раја и Жоан Гарсија.
Симон и вчера немаше големи проблеми на дуелот со Австрија, а фактот што неговата репрезентација победи со 3:0, му донесе и мундијалски рекорд.
Шпанскиот голман стигна до серија од вкупно 519 минути без примен гол, серија која започна на претходното светско првенство, а тој и неговите соиграчи ќе се обидат да ја продолжат и на дуелот со Португалија во осминафиналето.
Симон на овој начин го собори рекордот на италијанскиот голман Валтер Ѕенга, кој на СП во 1990 година издржа 517 минути без да прими ниту еден гол.
Шпанците не само што досега не примија гол на ова СП, туку Симон има само четири одбрани, од кои ниту една не беше на вчерашниот дуел со Австрија.







