Манчестер Јунајтед мора да доведе неколку квалитетни играчи во летниот преоден рок, а досега не успеа да ја добие битката за Матеус Фернандеш, кој на крајот потпиша за Тотенхем.
Португалецот не го избра клубот чиј лидер е неговиот сонародник Бруно, но Јунајтед брзо мора да се рефокусира на следната цел, а тоа е Карлос Балеба.
Екипата од „Олд Трафорд“ одамна го следи фудбалерот на Брајтон, последниот обид да го доведе беше неуспешен поради сумата која ја бараше англискиот ривал, но сега Мајкл Карик и менаџментот мора да преземат поконкретни чекори.
Камерунецот е најавен како квалитетен наследник на Касемиро, а добра вест за „црвените ѓаволи“ е што Балеба преку својот агент потврдил дека сака да игра за Јунајтед и ќе му даде приоритет доколку добие други понуди.
Медиумите тврдат дека цената не може да биде пониска од 70 милиони фунти, но останува да се види дали двата клуба ќе најдат компромис, или Јунајтед повторно ќе мора да бара друга солуција.







