ФИФА имплементираше низа нови правила во пресрет на Светското првенство и добар дел од нив веќе се применуваат на мундијалот во САД, Мексико и Канада, но убедливо најкоментирани се две кои внесоа голема нервоза меѓу играчите, но и меѓу фудбалските фанови.
Задолжителната пауза за хидратација на средина на секое полувреме направи фудбалот да се подели на четири четвртини и тоа се коси со природата на играта и долгогодишната традиција, па иако беше познато дека ова правило ќе се употребува само на овој турнир, УЕФА се откажа и од второто контроверзно правило.
Алмирон и Инкапие досега беа две жртви но новото „Винисиус правило“ и заработија директни црвени картони, но УЕФА се дистанцираа од оваа пракса и сега официјално потврди дека нема да ги применува истите методи на ФИФА во своите натпреварувања.
Според новото правило кое е актуелно на Светското првенство, секој играч кој ќе ја покрие својата уста со рака додека зборува со противнички играч ќе добие црвен картон, а бидејќи за многумина ова е престрого, УЕФА нема да го активира истото во новата сезона.
Интересно, новото правило беше активирано поради скандалот кој се случи во Лигата на шампионите меѓу Престијани и Винисиус, но УЕФА нема намера да активира така ригидно правило само поради еден изолиран инцидент и тоа го потврди преку официјално соопштение.







