[ФОТО] Ноќен кошмар за непријателите: Ракета петпати побрза од звукот

Точка

01/07/2026

18:22

752

Големина на фонт

а а а

Американската компанија „Lockheed Martin“ развива нова генерација хиперсонична ракета која ќе може да лета со брзина до пет пати поголема од брзината на звукот, притоа со исклучително мала можност да биде откриена од радарските системи.

Новиот проектил, наречен „Next Generation Glide Body (NXGB), ќе се лансира со помош на ракетен потисник кој ќе го издигне речиси до границата на вселената, на височина од околу 100 километри.

Потоа, ракетниот потисник се одвојува, а проектилот се спушта на околу 80 километри височина, каде што започнува хиперсонично лизгање низ горните слоеви на атмосферата.


За разлика од класичните балистички проектили, NXGB не паѓа директно кон целта, туку ја користи својата аеродинамична форма за да „лизга“ низ атмосферата. Благодарение на тоа, може да достигне брзина од околу 6.174 километри на час, односно приближно пет маха.

Ваквиот начин на лет му овозможува на проектилот да совладува големи растојанија, додека поради непредвидливата траекторија, непријателските радари и системите за противвоздушна одбрана имаат значително помалку време да го откријат и пресретнат.


Од „Lockheed Martin“ наведуваат дека NXGB ќе може да се лансира од воени бродови, авиони, но и од копнени лансирни системи, што треба да овозможи негова широка примена во различни воени сценарија.

Првите тестирања на новиот хиперсоничен проектил се планирани во текот на 2027 година.