Матеус ја отвори „пандорината кутија“ во Германија: Имаше проблеми со сопругите и семејствата на играчите…

Дерби

01/07/2026

11:33

717

Големина на фонт

а а а

Германскиот тим кој е надалеку познат како „Ди Маншафт“ режираше уште едно големо разочарување за цела нација, бидејќи наспроти сите големи желби за добар резултат после 12 години, следеше ново фијаско кое е топ тема во земјата.

Германија доживеа болна елиминација од Парагвај во пенал рулетот и многу рано завршува трет мундијал во низа, а во период кога ќе се бараат одговори на важни прашања во Федерацијата, легендарниот Лотар Матеус реши да ја отвори „пандорината кутија“.

Славниот германски репрезентативец тврди дека атмосферата во репрезентацијата дополнително придонела да нема добри перформанси на теренот, бидејќи добар дел од експедицијата била целосно незадоволна од нефер третманот кој го добиле од Федерацијата.

– Има многу работи зак ои треба да се зборува, за случувања на теренот, но и надвор од него. Имаше проблеми со сопругите на играчите, со нивните семејства, имаше многу турбуленции. Имаше многу работи и многу наслови кои не излегоа во јавноста.

– Навистина не разбирам зошто Федерацијата треба да носи на товар цели семејства од самиот старт, бидејќи се создадоа проблеми со патувањата и со резервациите на хотелите. Тоа не стигна до јавноста, но беше тема на разговор интерно и создаде непотребен немир. Еден играч се лутеше зошто нема место за неговата мајка, друг не можеше да ги донесе сопругата и своите деца, па бараше комерцијални летови. Се направи хаос и тоа дополнително ја наруши атмосферата од самиот старт, – открива Матеус, кој додава дека ќе биде вистинско чудо ако Јулијан Нагелсман остане селектор по овој лош резултат на мундијалот.

– Ако Нагелсман остане селектор после овој резултат, јас ќе бидам целосно изненаден. Можам да разберам зошто тој сам си дава ветер во грб, сака да остсане, но ако бидеме искрени, ќе го заклучиме следното: Тој не го подобри германскиот тим и резултатот е ист како на последните два мундијали. Доживеавме големо разочарување, а така беше и на Европското првенство и во Лигата на нации, – посочи Лотар.