Тјери Анри продолжува со своите стручни анализи на Светското првенсто, а вчеравечер имаше шанса одново да гледа нов извонреден перформанс во живот на Мајкл Олисе.
Иако Килијан Мбапе постигна два гола и го понесе МВП признанието, за Анри повторно играч број еден во францускиот тим беше ѕвездата на Баерн, за која полека му почнуваат да му недостасуваат зборови во обид да ја објасни неговата класа.
Олисе креираше безброј стопроцентни шанси и запиша две асистенции во победата од 2:0 над Шведска, по што Тити уште еднаш говореше со суперлативи за фудаблерот кој имаше можност да го тренира во периодот кога кратко беше селектор на олимписката репрезентација на Франција.
– Пред се, сакам да го апострофирам неговото движење без топка. Обично кога сте добар техничар, играчите знаат да заборават на своите должности кои ги имаат во одбрана, но тоа не е случај со Олисе. Тој е чудовиште, тој размислува на понаков начин и кога другите не го следат, знае да се налути.
– Имав чест да го тренирам и морав да се воздржувам за да не бидам некоректен кон другите. Морав да се воздржувам за да не покажам воодушевување. Килијан Мбапе секогаш ќе биде МВП поради бројките кои никој не може да ги надмине, но Олисе е најважен играч во оваа Франција, – нагласи Анри.







