Вавринка со епски меч се одјави од Вимблдон, Беретини им ги стопли срцата на фановите со импресивниот гест

Дерби

01/07/2026

14:46

187

Големина на фонт

а а а

Станислас Вавринка и Матео Беретини го одиграа убедливо најдобриот и најквалитетен меч во првото коло на Вимблдон, а како квалитетни играчи кои се борат за различни цели во овој момент, на крајот победи помладиот Италијанец.

Поранешниот финалист на Вимблдон славеше после четири возбудливи и драматични сета во кои постојано имаше тајбрејк завршница, па со оглед на тоа што нивото на тенис кое го понуди Вавринка беше импресивно, новинарката која му го водеше прошталното интервју го запраша дали треба да подразмисли околу пензионирањето.

Швајцарецот ја игра последната сезона во кариерата и се одјавува на секој турнир кој го игра за последен пат, па така вчера дојде ред и на Вимблдон.

Стен одигра епски меч и пружи голем отпор во исцрпувачка борба која траеше повеќе од четири часа, по што со солзи им се обраќаше на фановите од кои доби стоечки овации.

Вавринка се заблагодари за цела љубов која ја доби и нагласи дека токму тие моменти го натерале да игра тенис до оваа фаза од животот, а за целата приказна да биде уште поубава, се погрижи и Беретини.

По обраќањето на Вавринка, Беретини истрча под трибината и буквално го бркаше својот ривал и добар пријател, на кого му го однесе последниот пешкир како сувенир за неговиот последен настап на Вимблдон.

Овој гест на Беретини им ги стопли срцата на фановите, а го воодушеви и Вавринка кој веќе беше на пат кон соблекувалната.