Испиша историја во македонскиот тенис: Ѓорческа со достоинствено издание на Вимблдон - Лина освои пет гејма против ланската финалистка Анисимова

Дерби

30/06/2026

13:28

1.378

Големина на фонт

а а а

Лина Ѓорческа вечно ќе го памети 30-ти јуни како ден во кој испиша македонска историја, од едноставна причина што тенисерката од Тетово стана првата од нашата земја која настапила на еден од главните турнир на четирите грен слем турнири.

Лина се погрижи да го видиме македонското знаме на најпрестижниот тениски турнир во светот и имаше свој настап денеска на теренот број 2 на Ол Ингланд клубот, но може слободно да се каже дека и достоинствено и се спротивстави на една од големите фаворитки за титулата.


Ждрепката не и се насмевна на Лина и во првата рунда за ривалка ја доби минатогодишната финалистка, Аманда Анисимова, па во меч кој траеше 1 час и 1 минута, македонската тенисерка успеа да освои пет гејма.

Статистички гледано, Лина посебно се мачеше на свој сервис и тоа направи клучна разлика во конечниот резултат, а од друга страна, Аманда изгледаше максимално доминантно со својот почетен удар и не и даде многу шанси на Македонката.

Ѓорческа го освои првиот историски гејм на Вимблдон за да израмнина 1:1, а во воведниот сет, доволен беше еден брејк на Анисимова за да замине на пауза со 6:3.

Лина го отвори со добиен гејм и вториот сет, но потоа фаворитката освои пет гејма во низа и стана јасно дека Американката е пред победа.


Пред крајот, Ѓорческа одигра достоинствено и освои уште еден гејм за 5:2, по што Анисимова на свој сервис стави крај на мечот со кој се испиша нова македонска историја.