Анисимова ја пофали Ѓорческа: Одигра добар тенис и беше незгоден испит за мене

Дерби

30/06/2026

14:30

497

Големина на фонт

а а а

Американката Аманда Анисимова ја оправда фаворитската улога во дуелот од првата рунда против Лина Ѓорческа, но не пропушти да подели нови пофални зборови за македонската тенисерка која испиша историја.

Лина дебитираше на грен слем турнирот во Лондон и го стави македонското знаме на светската тениска мапа, па покажа добар тенис и во пресметката со минатогодишната финалистка на Вимблдон.

Тенисот е суров спорт и тоа најдобро го знае Анисимова која лани во финалето загуби со 6:0 и 6:0, а бидејќи Ѓорческа денеска освои пет гејма против Американката, на крајот доби и позитивни зборови од победничката по мечот.

– Не е лесно да се игра против квалификантна на еден голем турнир. Обично таквите тенисерки доаѓаат на главниот турнир со добар ритам и ова беше незгоден испит за мене.

– Противничката одигра добар тенис и беше незгодно на моменти. Сепак, задоволна сум од понуденото ниво и супер возбудена сум што се вратив со победа после ланското искуство на Вимблдон. Мојата цел е да уживам и да стигнам што подалеку на турнирот, – изјави Анисимова.