Охриѓанец ја претепал партнерката, друг искршил дел од покуќнината и бил агресивен кон семејството

Макфакс

30/06/2026

10:51

184

Големина на фонт

а а а

Два инциденти во Охрид и Кичево завршија со приведување на лица поради физички напад и агресивно однесување кон семејството, при што против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вчера во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.Д.(34) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Охрид физички ја нападнал неговата партнерка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Утрово во 01:00 часот во Кичево, полициски службеници го лишија од слобода Т.С.(31) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал кон членови на неговото семејство и оштетил дел од покуќнината.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.