Премиерата на филмот Salman ја одбележа Филмската вечер во рамките на Културно лето на Чаир 2026

Макфакс

30/06/2026

12:10

157

Големина на фонт

а а а

Премиерата на филмот „Salman“ ги собра жителите и љубителите на културата во Чаир за време на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, со што беше заокружена претпоследната филмска вечер на отворено.

Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, синоќа на плоштадот „Скендербег“ се одржа премиерата на албанскиот филм „Salman“, која привлече голем број граѓани и љубители на филмската уметност.

Филмот, во режија, според сценарио и во продукција на Ментор Нуредини, беше пречекан со голем интерес од публиката. Главните улоги ги толкуваат Ментор Нуредини, Висар Етеми, Блерим Дардишта, Бејтула Керими и Илбер Муртези, кои на публиката ѝ приредија квалитетно филмско остварување.

Филмската вечер уште еднаш го претвори плоштадот „Скендербег“ во простор каде што уметноста и културата ги обединуваат граѓаните, потврдувајќи го големиот интерес за културните содржини што ги нуди манифестацијата.

Со овој настан беше заокружена и претпоследната вечер од „Културно лето на Чаир 2026“, додека вечерва, со големиот концерт на Лабинот Тахири – 100% LIVE и настапот на DJ Electron, ќе се одржи свеченото затворање на овогодинешното издание на манифестацијата.