Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објави дека повеќе од 220 фонтани за пиење вода во Скопје се сервисирани и ставени во функција, решавајќи долгогодишен проблем со нефункционалност и негрижа.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека во координација со ЈП „Водовод и канализација“, мапирале, сервисирале и ставиле во функција повеќе од 220 фонтани за пиење вода, засега.
„Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фунтаните за пиење вода низ градот беа оставени надвор од функција.
Она што требаше да биде секојдневна услуга за граѓаните, беше претворено во уште еден заборавен проблем. Тоа, го менуваме“, порача градоначалникот.







