Кејн воодушевен од еден соиграч во англискиот тим: Игра со сечило меѓу забите

Дерби

29/06/2026

12:10

252

Големина на фонт

а а а

Англија не изигра најтечно и најдопадливо на последните два натпревари на мундијалот, но како првопласирана од својата група се пласираше во нокаут фазата и сега ќе мора да ја прикаже најдобрата верзија во елиминациските рунди.

Тимот на Томас Тухел ќе игра против ДР Конго и има улога на апсолутен фаворит, па иако селекторот прозва четири ѕвезди пред оваа средба, верувањата се дека играта на Англија повторно ќе зависи од двајца играчи.

Хари Кејн и Џуд Белингам изгледаат најразиграно во оваа фаза од мундијалот, првиот за давање голови, а вториот за креација и напорна работа на сите страни од теренот.

Белингам игра целосно поразлично од тоа што го прикажа во Реал оваа сезона, па за својата страст и агресивност сега доби пофалби и од капитенот Кејн.

– Џуд изгледа многу свежо на овој турнир и изгледа како играч кој игра со сечило меѓу забите. Навистина е наострен и сака да му покаже на светот за каков играч станува збор. Фантастично е чувството да се игра со него.

– Не само поради асистенции, се гледа и неговиот труд на секој метар од теренот. Не престанува да трча, оди напред и помага во одбрана, тоа е тип на играч кој секој го посакува во својот тим. Изгледа ефективно на секој дел од теренот и мило ми е што го гледам во таква форма, – изјави Кејн.