Суперкомпјутерот со ново предвидување: Три селекции имаат најголеми шанси да станат светски шампиони

Дерби

28/06/2026

15:29

313

Големина на фонт

а а а

Комплетирана е групната фаза на 23. Светско фудбалско првенство и со тоа воедно ги имаме сите паровите за 1/16 финалната рунда на турнирот што се одржува во САД, Канада и Мексико.

Од сега па натаму почнува она вистинското, секоја грешка, секој лош ден скапо ќе чини и оној што ќе биде најконстантант и ќе знае идеално да ја одработи оваа фаза ќе дојде до пехарот.


Многомина Франција ја гледаат како прв фаворит за пехарот и тој став го има и суперкомпјутерот на Опта кој им дава најголеми шанси на „триколорите“ дека ќе бидат шампиони и тоа 18,7 проценти. Зад нив е Аргентина со 16,3 проценти со тоа што интересно „гаучосите“ имаат најголеми шанси да бидат дел од финалето (30 проценти).

Само уште една селекција има двоцифрен број на проценти да биде првак и тоа е Шпанија со 13,5.