Ливерпул ќе извиси: Најбараниот играч за врска го избира ПСЖ, трансферот ќе надмине 100 милиони евра!

Дерби

29/06/2026

12:28

343

Големина на фонт

а а а

Јан Диоманде го привлече вниманието на себе со својата премиерна сезона во Бундеслигата, а бидејќи на мундијалот пристигна како млада ѕвезда која многумина ја следат, играчот од Брегот на Слоновата Коска се истакна и со добри партии во групната фаза.

Со своите извонредни квалитети, Диоманде претставува извонреден пример за тоа како треба да изгледа еден модерен играч за врска, па како фудбалер кој од раната фаза на летото почна да се поврзува со низа европски великани, се чини дека крајот на месец јуни ни носи повеќе информации за неговата идна дестинација.

Ред Бул Лајпциг го купи Диоманде од испаднатиот Леганес за само 20 милиони евра, но една година подоцна, актуелниот европски шампион во најмала рака ќе исплати 100 милиони евра повеќе во касата на германскиот клуб.

Како што јавува „Атлетик“, Диомане останал на својата прва одлука и ја одбил понудата која ја има од Ливерпул, бидејќи негова голема желба е да заигра за ПСЖ.

Пред стартот на мундијалот, самиот играч за врска призна дека посакува да заигра за „светците“, па по контактите воспоставени меѓу ПСЖ и неговите претставници, се чини дека желбата и ќе му се оствари.

„Атлетик“ информира дека Диоманде веќе дал збор на ПСЖ за комплетирање на зделката, а во такви услови, останува да се кристализираат преговорите меѓу двата клуба.

Лајпциг сигурно ќе биде презадоволен од профитот кој ќе го има за Диоманде, бидејќи последните проценки велат дека трансферот ќе се движи измеѓу 120 и 130 милиони евра.