Скалони откри импресивен гест на Меси пред натпреварот со Јордан: Тоа доволно говори колку му значат соиграчите

Дерби

29/06/2026

12:08

291

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси имаше шанса да го „билда“ своето мундијалско конто кога се во прашање головите против Јордан, но аргентинскиот капитен беше резерва на оваа средба и влезе во игра во последните 30 минути.

Селекторот Скалони уште пред натпреварот најави дека Меси ќе остане на клупа, меѓутоа по победата над Јордан откри дека тоа било одлука на самиот фудбалер.

Аргентинскиот предводник откри дека негова желба била да го игра Меси отпочеток, но самиот капитен побарал да остане на клупа, со јасна цел да им остави простор на соиграчите кои поретко добиваат шанса.

– Меси можеше да одигра 90 минути и без никакво потценување на противникот, дополнително да го збогати своето мундијалско наследство во вид на голови.

– Но, наместо да го прави тоа, побара од мене да им дадам шанса на играчите кои досега помалку играа. Тоа доволно говори колку многу му значат сите играчи во тимот, – откри Скалони.

Меси постигна еден гол против Јордан и стигна до шести погодок на овој мундијал, па и натаму важи за главен фаворит за освојување на „Златната копачка“.