Лам го советува Нагелсман да исфрли ѕвезда на Баерн од стартната постава на Германија, но понуди и идеално решение

Дерби

29/06/2026

11:27

391

Големина на фонт

а а а

Филип Лам е германската фудбалска легенда и играч кој е неизмерно ценет од цела јавност, па токму поради тоа, огромно внимание привлече неговата анализа за досегашниот тек на мундијалот.

Сосема очекувано, Лам се предодреди да ја анализира германската репрезентација која како првопласирана се пласираше во нокаут фазата, но во ситуација кога јавноста не е презадоволна од прикажаното на теренот, поранешниот десен бек понуди и своја солуција.

Лам не е најимпресиониран од балансот кој го има Германија во средниот ред, а според него, причина за тоа се лошите изданија на Александар Павловиќ.

– Средниот ред изгледа собено разнишано. Александар Павловиќ навистина не импресионираше на овој турнир, забележав неверојатен број лесно загубени топки од негова страна. Тој не е добро позициониран на теренот и затоа гледа на Џошуа Кимих како играч кој треба да биде прекомандуван во средниот ред.

– Тој игра на високо ниво на таа позиција веќе десет години, како за репрезентацијата, така и за Баерн. Тој би донел стабилност на екипата, а неговите квалитети би биле многу поочигледни во средниот ред. Може да и помогне на одбраната, исто како што може да помогне и во нападот со своите долги пасови. Феликс Нмеча во моментов повеќе одговара како играч кој треба да биде до него. Поради тоа, Павловиќ би морал да отпадне од стартните единаесет. Би го препорачал Валдемар Антон на позицијата десен бек, а Кимих во средниот ред. Тоа што Кимих игра како десен бек не му прави никаква услуга на германскиот тим. Неговите квалитети и лидерски карактеристики се потребни во средниот ред, – смета Лам.