Роналдо откри непозната анегдота: Го избркав Зидан од соблекувалната на мундијалот во 2006. година

Дерби

29/06/2026

11:24

328

Големина на фонт

а а а

Роналдо Назарио во повеќе наврати го има посочено Зинедин Зидан како најдобар фудбалер со кој ја делел соблекувалната, но исто така, можеше да го запознае Французинот и како голем ривал на теренот.

Роналдо и Зизу водеа жестоки битки како лидери на Бразил и Франција, а „кариоките“ доживеаја два тешки порази од „триколорите“ на две Светски првенства, најпрво во 1998-ма година, а потоа и осум години подоцна во Франција.

Назарио во последното интервју за „Лекип“ се наврати на четвртфиналето кое заврши со резултат 1:0 во 2006-та година, натпревар на кој Зидан одигра неверојатен меч на индивидуален план и кој за многумина важи за една од најдобрите претстави од поединец на Светско првенство.

По натпреварот, Зидан сакал да го замени дресот со некој од бразилските фудаблери, но Роналдо проценил дека тоа не е вистински момент и морал да го избрка Зизу од соблекувалната.

– Бевме пријатели со Зидан и ден денеска е така. По натпреварот во Германија, тој влезе во нашата соблекувална, но атмосферата беше ужасна. Многу играчи плачеа, а јас му честитав и побарав да си замине. Го избркав од соблекувалната, тоа не беше вистинско време за менување дресови, – открива Роналдо.

Бразил на тој мундијал дојде како бранител на титулата и во тимот имаше огромен број ѕвезди, но како главен фаворит за трофејот, потклекна токму пред Зизу и неговите француски соиграчи.

– Зидан беше прилично инспириран на тој натпревар и не е случајно што тој натпревар се смета за еден од оние на кои е видена една од најдобрите индивидуални претстави во историјата на Светските првенства, – додава Бразилецот.