Винисиус доби видео-порака од блиска личност и се расплака во интервјуто

Дерби

29/06/2026

10:59

213

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор прераснува во главна бразилска ѕвезда на овој мундијал и вистински лидер на тимот на Карло Анчелоти, па во моменти кога сите во Бразил ги следат случувањата на мундијалот, од родната земја му пристигна и уникатна порака.

Во последното интервју кое го направи со Лусијано Хак, Винисиус доби видео порака од жената која го одгледала, односно од неговата баба која има среќа да го гледа својот внук на најголемата спортска сцена.

Бабата на Винисиус со гордост говореше за успехот на Вини во видео порака и откри како ги одгледала него и неговите браќа, по што ѕвездата на Реал Мадрид не остана рамнодушна.

– Живеев со мојата баба до 16 години, таа е многу важна личност за мене. Мојот татко живееше далеку, па јас и моите браќа секогаш бевме кај нашата баба. Таа секогаш правеше се за нас, имавме мала куќа и безброј пати спиев со нејзе во кревет.

– Останувам без зборови, таа е личност што го одбележа мојот живот и секогаш кога можам, навраќам кај нејзе за да минам време со неа. Знам дека времето оди и секој човек си заминува од овој свет, па затоа го користам секој момент да ја посетам и да минам време со неа, – порача Вини.