[ВИДЕО] Нико го осуди уругвајскиот „џелат“ откако Шпанија потврди повреда кај крилниот напаѓач

Дерби

28/06/2026

09:35

247

Големина на фонт

а а а

Нико Вилијамс ја остави зад себе најтешката сезона во својата кариера поради низа физички проблеми кои ги имаше, а кога се чинеше дека темпира посакувана форма на мундијалот, следеше нов шок за крилото.

Помладиот од браќата Вилијамс го заврши мечот со Уругвај со наведната глава и покрај победата од 1:0, а причина за тоа беше повредата која ја заработи како резултат на жесток старт.

Нико де ла Круз намерно го шутна Вилијамс и ризикуваше да му нанесе тешка повреда, па иако во прв момент изгледаше дека нема да му биде ништо, лекарските прегледи покажаа дека Нико го повреди адукторот.

Поради новата мускулна повреда, Вилијамс ќе мора да паузира од 10-тина дена до две недели, а тоа значи дека би имал шанси да настапи повторно на мундијалот само ако Шпанија стигне до самата завршница.

– Ова е еден од најлошите денови во мојот живот. Повторно се повредив, откако цела година пубалгијата ме победи во многу битки. Успеав да го надминам тоа, ја добив војната со жртва и одговорност, но вчера претрпев нова повреда.

– Истата беше предизвиката на колега кој беше поттикнат од фрустрација, незадоволство и тага поради ситуацијата на неговиот тим. Тоа беше акција која можеше да биде избегната и која беше сосема непотребна. И покрај се, ова нема да ме спречи. Знам дека Бог има план за мене и ќе продолжам да се борам до последен здив за да се вратам на она што најмногу го сакам, а тоа е играњето фудбал, – порача Вилијамс.