Раководството на Челси веќе го обезбеди Марко Палестра за новиот менаџер Чаби Алонсо, но во моментов преговара за уште неколку засилувања, меѓу кои и еден личен избор на шпанскиот експерт.
Премиерлигашот тргнал во акција по потписот на искусниот Гранит Џака, фудбалер кој има историја на одлична соработка со Алонсо и токму менаџерот иницирал да биде доведен во редовите на Челси.
33-годишниот Џака во моментов настапува за Швајцарија на СП 2026, а неговиот очигледно има сериозен предизвик, со кој може да му обезбеди трансфер во многу поамбициозен клуб од Сандерленд.
Чаби очекува Џака да го донесе потребното искуство, но и да ја игра улогата на лидер во соблекувалната, нешто што му недостасува на Челси, посебно ако се знае дека во моментов највозрасен фудбалер во тимот е 28-годишниот Тосин Адерабиојо.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека опасност за реализација на идејата на новиот менаџер е Сандерленд, клуб кој нема лесно да се откаже од Џака, кој експресно ја доби капитенската лента откако дојде од редовите на Баер Леверкузен.
Посебно што и Челси нема да прифати да плати преголема трансфер сума за играч кој ќе наполни 34 години.







